Top Sport

Клоп не верува дека Ливерпул можат да бидат во Топ 4

Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, не верува дека неговиот тим на крајот од сезоната ќе може да биде меѓу најдобрите четири екипи во Премиер лигата. Ливерпул по 33 рунди во Премиер лигата, со натпревар повеќе имаат седум поени помалку од четвртопласираниот Челси.

„Не верувам дека имаме шанси да бидеме во Топ 4. Ќе се бориме се додека имаме шанси“, рекол Клоп.

Ливерпул, викендов ќе го пречека Саутемптон. Натпреварот се игра во сабота од 21.15 часот.

Scroll to Top