Top Sport

Клоп: Не знаев што да му кажам на Кариус

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп признава дека не можел да најде вистински зборови на утеха за голманот Лорис Кариус по кошмарното финале од Лигата на шампионите.

Германскиот голман беше еден од „најзаслужните“ за победата на Реал Мадрид од 3:1 над Ливерпул по две клучни грешки и по крајот на натпреварот беше во очигледна емоционална болка. Клоп признава дека не знаел што да му каже на својот играч.

„Јас сум поддржувач на идејата дека треба да замолчиш ако ги немаш вистинските зборови. Освен неколку зборови на утеха, навистина не знаев што да кажам. Немав идеја што би можел да кажеш во таква ситуација“, вели Клоп за „Спорт 1“.

На крајот, Клоп ги решил работите со подолг разговор.

„Не му бев лут, ниту разочаран или такво нешто. Само ја видов ситуацијата и ги барав вистинските зборови. Затоа таа вечер кажавме само неколку зборови. Подоцна зборувавме долго и ситуацијата е расчистена“, додава Клоп.

Кариус најверојатно кариерата ќе ја продолжи во турскиот Бешикташ, како што јавија англиските и турските медиуми.

Scroll to Top