Top Sport

Клоп: Нејмар знае „умно“ да паѓа

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп застана во одбрана на Нејмар и на неговата „навика“ прелесно да паѓа во контактите со другите фудбалери, велејќи дека тоа покажува дека се работи за умен фудбалер.

Нејмар гостува во Ливерпул со своите Пари Сен-Жермен на отварањето на Лигата на шампионите утревечер, и Клоп беше запрашан каква ќе биде стратегијата за Бразилецот кој во текот на Светското првенство во Русија беше критикуван за своите театрални паѓања и „егзибиции“ на фудбалскиот терен.

„Не знам за што точно зборувате. Видов неколку натпревари на Светското првенство на кое изгледаше дека тој малку претерува со ситуацијата, но тоа е навистина нормална реакција, бидејќи дефанзивците навистина тргнуваат по него. Тоа е вистината. Тој мора да се заштити. Ако противникот добие жолт картон, тоа значи дека е поблиску до црвен картон. Тоа е умна стратегија“, вели Клоп.

Тој инсистира дека Ливерпул нема да го сметаат Нејмар за „мета“ во текот на мечот и дека сигурно нема да им даде инструкции на неговите фудбалери посебно да одат на него.

„Не се работи за нас против него. Сакаме да играме фудбал, да ја освоиме топката. Не правиме такви тактики. Ќе се обидеме да избегнеме тој да добива топка, и не знам дали е можно да се избегне неговиот квалитет. Се работи за неверојатен фудбалер и мислам дека не се работи за човек кој сака намерно да глуми ако не може да го игра фудбалот што го посакува“, додаде Клоп.

Scroll to Top