Ливерпул, предводен од Мохамед Салах, оваа сезона игра во голема форма. Египќанецот е прв стрелец во Премиер лигата, каде Ливерпул се наоѓа на третото место и е еден од најзаслужните што „црвените“ преку Манчестер сити се пласира во полу-финалето во Лигата на шампионите.
Брилијантната сезона што ја има зад себе го вивна Салах меѓу фудбалската елита, тој во моментов е една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал.
Популарноста на Салах најдобро ја отсликува и изјавата на менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп.
„Пред натпреварот со Манчестер сити им реков на момците: „Ајде на тренингот да излеземе сите голи. Секако никој нема да го забележи тоа, сите гледаат само во Салах“. Сега одиме во Рим и притисокот нема да се намали, сметам дека тоа е во ред“, рекол Германецот.