Top Sport

Клоп: Нема да згрешиме како Баерн и Јуве, ќе го почитуваме Вилјареал и Емери

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вети дека неговиот тим нема да ги потцени Вилјареал на Унаи Емери во полуфиналето на Лигата на шампионите, по нивните шокантни елиминации на Јувентус и на Баерн Минхен.

„Црвените“ на Клоп се фаворити за пласман во финалето, но германскиот тренер вели дека нема да има „опуштање“.

„Можеби имаше мала предност за Вилјареал кога Јуве и Баерн ги потценија, но тоа нема да се случи со нас. И тие сакаат финале, но тоа е важно и за нас. Тие се седми во Ла лига, а по победата над Баерн, играа со Билбао и Унаи направи 11 замени, така што е јасно дека Ла лига е конкурентна. Унаи покажа дека има план за секој резултат и добро ги анализиравме. Импресивни се. Унаи е менаџер кој внимава на секој детаљ, што знае да реагира“, вели Клоп.

Scroll to Top