Top Sport

Клоп: Нема сомнеж, Салах е еден од најдобрите во историјата

Јирген Клоп немаше доволно пофални зборови да ја опише „лудата“ способност за постигнување голови на Мохамед Салах, откако Египќанецот постигна два гола за 2:1 победа над Тотенхем во нешто за што самиот напаѓач изјави дека може да биде „момент на пресврт“ во нивната сезона.

По слабиот старт на сезоната, Салах достигна до 14 гола ова сезона и им постигнато барем еден гол на послените четири меча.

„И кога имаше ‘спор старт’ беше вклучен во најмногу шанси во европскиот фудбал. Тој не ги искористи или ние не ги искористивме, но за напаѓач тоа е сосема нормално. Кога ќе ја погледнете неговата кариера за пет-шест години, сите ќе се сеќават на него како на еден од најдобрите напаѓачи во историјата, бидејќи неговите бројки ќе се апсолутно луди. Најмногу бев среќен што иако постигна два гола, играше како вистински тимски играч. Врвен пристап кон фудбалот“, вели Клоп.

Scroll to Top