Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил му одговори на менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во добар дух, откако Германецот посочи дека Невил има мислење за „сѐ и сешто“.
Невил е еден од најгласните противници на „Проектот рестарт“ на Премиер лигата за враќање во јуни, тврдејќи дека прво мора да се осигура безбедноста на фудбалерите, во ситуација во која Ливерпул има 25 поени предност на табелата и го чека освојувањето на првата англиска титула по 30 години.
Во интервју за „Би-би-си“, Клоп не се возддржа и мораше да го „пецне“ Невил.
„Не научив многу за време на карантинот, освен дека Гери Невил има мислење за апсолутно сѐ! Тоа е неверојатно!“, изјави Клоп во смеење.
Невил очигледно сакаше да продолжи во добар дух, коментирајќи на Твитер: „Мило ми е што ме слуша!“.
Delighted he’s been listening !! ? https://t.co/pwyUmvimV9
— Gary Neville (@GNev2) May 15, 2020