Top Sport

Клоп: „Ноу Камп“ не е храм на фудбалот, само еден голем стадион

Температурата се „вжештува“ пред пресметката на Барселона и Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампионите, иако во Каталонија има бура реакции по изјавата на тренерот на „црвените“ дека „Ноу Камп“ воопшто не е „храм на фудбалот, туку само еден голем стадион“.

Ливерпул ќе го посетат „Ноу Камп“ првпат од 2007 година, а самиот Клоп никогаш не бил тренер на тим кој гостувал кај Барселона.

На ова, од Барселона веднаш реагираа преку социјалните мрежи, објавувајќи видео со претстава на стадионот, велејќи дека „ова е нашиот храм“.

Scroll to Top