Top Sport

Клоп: Нов меч со Шрузбери? Ние нема да бидеме тука

Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп открил дека поради зимската пауза повторениот меч со Шрузбери, во ФА купот, нема да го игра со најдобриот тим.

Комбинираниот тим на Ливерпул, во неделата, одигра 2:2 со 16 пласиранот тим во третата англиска лига. Повторениот меч, по кој ќе биде познат патникот во наредната фаза ќе се одигра на „Енфилд“ на 4 или 5 февруари.

Во овој период екипите од Премиер лигата ќе бидат на пауза поради што Клоп рекол дека играчите од првиот тим нема да го играат тој натпревар.

„Им кажав на момците пред две недели дека ќе имаат зимска пауза што значи дека нема да бидеме присутни на тој дуел“, порачал Германецот.

„Знаме дека ова нема да наиде на одобрување, но така решив. Премиер лигата од нас бараше да ја почитуваме паузата, ние тоа ќе го направиме. Доколку ФА не ги интересира ова тогаш ние не можеме да влијаеме. Повторува ние нема да бидеме тука“.

Клоп најавил дека „ќе ги пушти децата да играат“, а тој тим ќе го води Нил Кричли.

„Мораме да им дозволиме на играчите да се одморат. Тоа им е потребно. Оваа одлука е од претходно донесена“.

Ливерпул в среда ќе играат против Вест Хем, а во сабота против Саутемптон.

Scroll to Top