Top Sport

Клоп од иста причина ги одбил Реал и Јунајтед

Јирген Клоп четири години се наоѓа на клупата на Ливерпул и со овој тим во континуитет постигнува добри резултати. Минатата сезона Ливерпул ја освоија Лигата на шампионите, а во Премиер лигата во фото-финишот ја загубија трката со Манчестер сити.

Клоп со својата работа во Ливерпул, а и претходно во Борусија Дортмунд, се промовираше како еден од најдобрите тренери во светот.

Деновиве легендарниот напаѓач на Ливерпул, Роби Фаулер, во колумна за „Мирор“ открил дека во периодт пред да ја добие понудата од Ливерпул, Клоп од иста причина ги одбил Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

„Со него правев интервју пред неколку години и ми кажа дека одбил понуди од неколку богати клубови. Едниот клуб дефинитивно бил Манчестер Јунајтед, а вториот веројатно Реал Мадрид. Не му се допаѓа што тие секогаш се фокусирани на комерцијализацијата“, пипува Фаулер.

Клоп оваа сезона има намера по три децении да ја врати титулата на „Енфилд“, а наредната станица во тој поход ќе му биде „Олд Трафорд“ и тимот на Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top