Top Sport

Клоп одговори: Јас не сум Алекс Фергусон, не играм ментални игри

Јирген Клоп му одговори на поранешниот премиерлигашки судија Марк Клатенбург, кој го нарече менаџерот на Ливерпул лицемер кој игра ментални игри пред дербито со Манчестер јунајтед овој викенд.

Во колумна за „Дејли мејл“, Клатенбург го обвини Клоп дека се обидува да влијае на судиските одлуки пред голем меч, откако Германецот по 1:0 поразот од Саутемптон наместо за својата игра зборуваше за тоа зошто Јунајтед добиле многу повеќе пенали од Ливерпул. Тој го спореди со Сер Алекс Фергусон, легендарниот менаџер на Јунајтед кој беше познат по вакви коментари, но Клоп не беше импресиониран од споредбата.

„Дали сум изненаден за тоа што се зборува за моите коментари по мечот со Саутемптон? Не. Дали сум изненаден што тоа е Марк Клатенбург? Не. Не знам кој го прашал за тоа, но добро е да зборува по долга кариера. Јас не сум Сер Алекс, не играм ментални игри. Директно бев прашан по мечот со Саутемптон и не размислував за мечот со Јунајтед. Ја видов статистиката за пенали пред тој меч, тоа беше се. Можеби Клатенбург да беше во моја позиција ќе играше така, но јас немам вештини за ментални игри. Никогаш не сум им кажувал на моите фудбалери да паѓаат за пенал. Имам работено со многу фудбалери и можете да ги прашате“, вели Клоп.

Клатенбург контра Клоп: Јирген е лицемер и сака да влијае на судиите

 

Scroll to Top