Top Sport

Клоп останува, Ливерпул ќе „тргне“ по Белингем и Нунеш во текот на летото

Откако Јирген Клоп отфрли можност да си замине од Ливерпул, верувајќи дека има „незавршена“ работа во клубот, тие му ветиле дека во текот на летото ќе има буџет од над 180 милиони фунти за засилувања во обид да ги добијат Џуд Белингем и Матеуш Нунеш, тврди „Тајмс“.

Сезоната за „црвените“ не оди најдобро и тие се на деветтото место на табелата во Премиерлигата по поразот од Брајтон во текот на викендот. Главен проблем во тимот на Клоп е недостатокот на фудбалери во средниот ред, и според „Тајмс“ тие ќе се обидат да ги донесат и Белингем и Нунеш во летниот преоден рок, додека Алекс Окслејд-Чембрлен и Наби Кеита би биле продадени.

Борусија Дортмунд неодамна најави дека е подготвена да го продаде Белингем на крајот на сезоната, но за високи 130 милиони фунти, додека Вулверхемптон ценат Нунеш за повеќе од 50 милиони фунти.

Scroll to Top