Јирген Клоп пред четири години ја презеде тренерската функција во Ливерпул од Брендан Роџерс. Со неговото доаѓање започна ренесансата на славниот клуб иако титулата во Премиер лигата нема веќе 30 години.
Клоп го внесе својот дух во Ливерпул, од неговото доаѓање клубот играше финале во Лига Европа, финале во Лигата на шампионите која минатата сезона и успеа да ја освои, а во Премиер лигата не успеа во фото-финишот да го мине Манчестер сити.
Во разговор за „Скај Спорт“, Германецот открива дека во минатото имал понуди од неколку клубови меѓу кои и од Манчестер Јунајтед.
„Да имаше интерес на неколку екипи. Манчестер Јунајтед не побараа година или година и пол пред Ливерпул, но почувствува дека тоа не е тоа. Не можев да кажам дека Јунајтед е клуб за мене. Едноставно немав такво чувство“, рекол Клоп.
„Многу клубови ме бараа си реков: ‘Не нема шанси морам да направам пауза’. Дури и мојата сопруга знаеше дека доколку пристигне понуда од Ливерпул нема да одбијам. Кога ме повикаа од Ливерпул немав избор. Немав време да планирам, само си реков: ‘Вау, одиме’. Кога пристигнав таму го почувствува духот и ми стана јасно дека тоа е за мене“, заклучил германскиот тренер.