Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп смета дека е криминал тоа што некои клубови од Премиер лигата ќе треба да одиграат по два натпревари за помалку од 48 часа. Премиер лигата влегува во луд ритам каде екипите за пет-шест дена ќе одиграат по три натпревари.
Ливерпул вечера ќе гостуваат кај Лестер, на 29 декември ќе играат против Вулверхемптон, а на 2 јануари на „Енфилд“ ќе им гостува Шефилд Јунајтед. Екипата на Клоп за помалку од пет недели ќе одигра 11 натпревари.
Некои клубови имаа помалку среќа. Евертон, Брајтон, Вотфорд и Манчестер Јунајтед ќе одиграат по два натпревари за помалку од 48 часа. Клоп смета дека тоа е недозволиво.
„Ниту еден менаџер нема проблем што се играат натпревари на Боксинг деј. Но да се игра на 26, а потоа на 28 декември тоа е криминал“, рекол Клоп за Би-би-си.
„Тоа не е во ред, но тоа продолжува. Ние оваа година играме на 26 и на 29 декември. Се чувствуваме како да сме добиле одмор. Тука не станува збор за спектакл. Не постои ниту една добра причина да се игра на 26, а потоа на 29. Но, очигледно ние си зборуваме, а на никого не му е гајле. Секоја година е исто за тимовите и тренерите. Науката тука не може да помогне, телата на играчите да се опорават. На телото му е потребно одредено време за одмор. Тоа го вели науката, а ние го игнорираме“, заклучил тренерот кој сезонава веќе освои два трофеи со Ливерпул.