Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја отфрли оценката дека неговиот тим се „The Inevitables“ (неизбежните), нафрлувајќи му се на новинарот кој го постави тоа прашање, откако „црвените“ направија уште еден чекор до првата лигашка титула по 30 години.
Ливерпул „извлече“ 2:1 победа во финишот на натпреварот со Вулверхемптон благодарение на Роберто Фирмино, за 14. победа во низа во лигата и 22 во 23 меча по кои имаат 16 поени предност во лигата.
Но, кога новинарите го посочија тимот како „неизбежни“, односно неизбежно ќе стигнат до титулата, Клоп се налути.
„И пред да го прашате тоа знаете дека се работи за ср.ње прашање. Но, сепак, прашувате. Никогаш не сум го слушнал тој збор и не знам што значи. Што е неизвежно? Дали ќе се случи? Не ми е грижа. За мене, ние уште не сме математички квалификувани за Лигата на шампионите. Се фокусираме на следниот меч, тоа е Шрузбери во ФА купот, потоа Вест хем, потоа Саутемптон, па одново… Тоа е планот. Не знам друг план. Што и да кажувате за нас, позитивно или негативно, не ми е грижа“, вели Клоп.
“I think at this moment we are not even mathematically qualified for the Champions League for next year.”
Jurgen Klopp has laughed off suggestions that the Premier League title race is finished despite Liverpool’s 16 point lead at the top of the table: https://t.co/o2QZOCJm6A pic.twitter.com/qqUMwyZyTG
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 24, 2020