Јирген Клоп вели дека се возддржувал да ги прослави двата фантастични гола на Мохамед Салах при 2:0 победата над Ватфорд, бидејќи ВАР системот го сменил неговото однесување покрај аут-линијата.
Во второто полувреме од тој меч, при 1:0 водство, голот на Садио Мане по нафрлањето на Џердан Шаќири беше прогласено за офсајд по ВАР-консултацијата и иако тој не тврдеше дека ВАР згрешил, тврди дека веќе не ги прославува головите за да не бидат поништени.
„Искрено немам поим дали беше офсајд. Веќе не ги прославувам головите бидејќи чекам некој да ми каже дека е гол. Мислам дека едно додавање претходно беше офсајд, но всушност Садио беше во офсајд и тоа не го видов“, вели Клоп.
Конте: Кловнови? Мурињо беше најголем кловн, но станал сенилен (видео)