Top Sport

Клоп пред гостувањето на „Олд Трафорд“: Без ЛШ ќе биде „многу тешко“

Пред неделното гостување на „Олд Трафорд“ каде што дефинитивно мораат да ги победат старите ривали за да ги заддржат шансите за пласман во Лигата на шампиони, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп признава дека ако не успеат да обезбедат топ 4 пласман ќе има „огромни“ финансиски и фудбалски последици за актуелниот англиски шампион.

Ливерпул се на шестото место со 4 поени помалку од четвртопласираниот Челси на само пет меча до крајот на сезоната, а дербито со Јунајтед доаѓа на крајот на неделата во која клубот објави дека загубил 46 милиони фунти од стартот на пандемијата на корона вирусот.

„Огромна работа е да се игра во Лигата на шампионите, посебно од финансиска страна за клубот. Ако не успееме да стигнеме таму, тогаш дефинитивно не е добро. Сепак, не верувам дека тоа ќе ги смени плановите за следната сезона. Ситуацијата беше тешка и без ова“, вели Клоп.

Германецот никогаш не победил на гости кај Манчестер јунајтед, иако во 2016 успеа да обезбеди пласман во осминафиналето на Лига Европа во 2016, по 1:1 ремито.

„Мечот е важен повеќе од 100 отсто! Без да се победува, нема Европа. Тоа е јасно и затоа моарме да победиме. Ова е меч во кој секој фудбалер и менаџер на Ливерпул сака да биде добар. Дали е најдобро место да се оди откако примивме гол во финишот против Њукасл? Не знам. Дали е најдоборто место да се оди откако ги видовме како даваат пет гола во едно полувреме против Рома? Не знам. Но, на крајот не е важно“, вели Клоп.

Scroll to Top