Top Sport

Клоп: Салах ќе го споредуваме со Роналдо и Меси за 15 години

Фудбалските фанови без разлика на тоа за кого навиваат, оваа година беа воодушевени од фантастичниот египетски напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах.

Многу се напиша за неговата фантастична прва сезона во Ливерпул по доаѓањето од Рома, сезона во која постигна 32 гола во Премиер лигата и 44 во сите натпреварувања, предводејќи ги „Црвените“ до финалето на ЛШ, каде што ќе се судрат со моќниот Реал.

25-годишниот Салах веднаш наиде на споредби со Лионел Меси и Кристијано Роналдо, освојувачи на пет титули „Златна топка“, но неговиот менаџер Јирген Клоп вели дека сега не е време за споредби – почекајте 15 години за тој да може да го оствари својот потенцијал. На 26 мај, Салах и Ливерпул ќе се судрат со Роналдо и Реал Мадрид во директна пресметка на талентите.

„Мо имаше фантастична сезона, но Кристијано одиграл 15 вакви сезони. Колку голови има постигнато? 47.000? Луди бројки. Зошто да ги споредуваме? Кога играл Пеле никој не го споредувал него со другите фудбалери. Сега ги имаме Меси и Роналдо, кои доминираат и двајцата се многу често во позиција да постигнат гол, што е најтешкото во фудбалот. Затоа се таму каде што се. Кога ќе престанат да играат фудбал ќе ни недостасуваат сигурно. Затоа не сакам приказни околу Салах и Роналдо“, вели Клоп.

Scroll to Top