Top Sport

Клоп: Се заљубив во Нуњез кога играше против нас

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека се „заљубил“ во уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез кога го гледал како игра против неговиот тим во четврт-финалето од Лигата на шампоните минатата сезона.

„Црвените“ го добија Нуњез од Бенфика за првични 64 милиони фунти, но сумата може да се искачи на 85 милиони, со што тој ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на клубот. Нуњез постигна гол во двта меча.

„Беше навистина импресивен кога играше против нас во Лигата на шампионите. Кога се подготвувате за Бенфика, мора да ги знаете сите работи за противникот, така што знаевме дека Дарвин е квалитетен фудблер. Но, кога го гледате во живо, тогаш работите се поимпресивни. Неговата моќ и техника, желбата за гол, проблемите кои ни ги направи. Сите се заљубивме во него во тие два натпревари. Беше вистинско задоволство да го гледаш и кога сфативме дека имаме добра шанса да го купиме, не се двоумевме“, вели Клоп.

Scroll to Top