Top Sport

Клоп: Шампиони? Ние сме уште како Роки, не како Иван Драго

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп инсистира дека неговиот клуб е аутсајдер во трката за титулата во споредба со Манчестер сити, објаснувајќи сликовито: „Ние сме уште Роки Балбоа, а не Иван Драго“.

Ливерпул потроши фантастични 170 милиони фунти ова лето во обид да се стигне до првата лигашка титула по 28 години пауза, носејќи ги на „Енфилд“, Алисон, Фабињо, Наби Кеита и Џердан Шаќири и „црвените“ се сметаат за фаворити да ги стигнат шампионите Манчестер сити, но Клоп сака да смета дека уште се аутсајдери.

„Знам дека многумина сметаат бидејќи бевме активни на трансфер-пазарот сметаат дека сме фаворити, но титулата се освојува на теренот. Јасно е дека ние сакаме да бидема англиски шампиони, но не можеме да кажеме дека сме фаворити. Што е со другите клубови, со Јунајтед? Шампионите не загубија ниту еден играч и го донесоа Ријад Марез, така што нема да ес послаби. Ние сме уште Роки Балбоа, а не Иван Драго. Ние сме тие кои треба да направиме повеќе, да се бориме повеќе. Мораме да бидеме како Роки“, вели Клоп.

Ако не сте го гледале филмот „Роки 4“, да ве потсетиме дека Роки (Силвестер Сталоне) во драматична последна рунда го победи Иван Драго (Долф Лундгрен), и Клоп знае дека мора да упати силни удари.

„Сега мораме да бидеме во тоа шампионско расположение. Како кога ќе скокнеш во вода и не пушташ додека имаш кислород во градите. Мораме да бидеме попостојани, поодлучни во вистинските моменти и многу поагресивни. Сѐ може да биде подобро – нападот, одбраната…“, објаснува Клоп.

Scroll to Top