Top Sport

Клоп: Сити под притисок? Како да не!

Јирген Клоп вели дека поразите од Челси и Кристал палас не значат дека Манчестер сити ја губи „трката“ и е под притисок од одличната форма на Ливерпул, кои се одвоија на четири поени на врвот во Премиер лигата.

„Црвените“ ќе го прослават Божиќ како првопласирани, откако тимот на Гвардиола доживеа два порази во низа и тоа во мечеви во кои мораа да ги„бркаат“ Ливерпул, кои претходно победија против Бурнемаут, односно Вулверхемптон. Ливерпул уште е непоразен и многу од навивачите на „црвените“ сметаат дека ова е моментот за „кршење“ на сезоната и освојувањето на толку посакуваниот трофеј.

Клоп вели дека е рано за такви работи.

„Ги гледавте тие два меча кои ги загубија? Не ми изгледаа под притисок, и беа фантастични во двата меча. Но, ако не ги искористиш шансите против Челси ќе загубиш. Кристал палас пак постигнаа фантастични голови. Тоа не значи ништо. Тешко е да се победува, а во тие два меча тие немаа среќа“, вели Клоп.

Ливерпул утре игра со Њукасл јунајтед на „Енфилд“, а гостува кај Сити на 3 јануари. Тотенхем се третопласирани по убедливата 6:2 победа на гости кај Евертон и Клоп верува дека тие се сериозни конкуренти.

„Вие ги измислувате тие приказни за тоа кој е, а кој не е во трката за титулата. Го гледав мечот со Евертон и тоа беше импресивно. Истото може да се случи со Челси, Арсенал и сите други клубови. Никој не е надвор од трката и ова не е време за калкулации. Тоа е единствената разлика оваа сезона, бидејќи лани Сити доминираше“, додава Клоп.

Фото: ЕПА

Scroll to Top