Top Sport

Клоп: Требаше 95 минути да играме како во првото полувреме

Јирген Клоп не го криеше своето разочарување по тешкиот 2:5 пораз од Реал Мадрид и покрај тоа што Ливерпул имаше 2:0 воство по само 15 минути и вети дека ќе одат во Мадрид да „играат фудбал“.

„Почетокот беше одличен, како што треба да играме. Совршено. Првото полувреме беше добро освен головите кои ги примивме. Вториот гол беше комедија, тоа не треба да се случува, но се случува. Во второто полувреме не смеевме да се браниме така против тим кој е одличен со контранапади. Потоа немаше враќање. Требаше да играме цели 95 минути како во првото полувреме. На 3:2 тие добија самодоверба и постигнаа одлични голови. Невозможно е да ни се случуваат моменти во кои имаме пет-шест фудбалери и никој не оди на старт. Ќе одиме таму и ќе играме фудбал“, вели Клоп.

Scroll to Top