Јирген Клоп инсистира дека „апсолутно“ е уште вистинскиот човек за Ливерпул и покрај тоа што кошмарната сезона стигна на дното со саботниот пораз од 3:0 од Вулверхемптон.
Саботниот пораз на „Молињу“ беше седми во лигата оваа сезона и дојде откако примија два гола во првите 12 минути игра, по што домашните фанови му пееја на Клоп дека „добива отказ“. Но, тоа тешко дека ќе се оствари и Клоп смета дека е способен да направи пресврт во тимот.
„Да, да, апсолутно можеме да ја свртиме работата. Не можам да кажувам дека работите се во ред. Ме прашуваат дали ова е поради 63-те меча минатата сезона. И ќе кажам дека тоа е сигурно нешто и дека влијаеше на првиот дел од сезоната, но сега е февруари и имавме цела недела подготовка за овој меч“, вели Клоп.