Top Sport

Клоп за првиот повик од Ливерпул: Веднаш се запалив!

Јирген Клоп се потсети на моментот кога Ливерпул му се јавија да стане нов менаџер на славниот клуб и инсистира дека „Се запалив од првата секунда“.

Ливерпул го повикаа Клоп да го замени Брендан Роџерс на „Енфилд“ во октомври 2015 година, откако тој си замина од Борусија Дортмунд една година претходно. Тој наследи тим на кој му беа потребни драстични промени по шестото место во Премиер лигата и веднаш започна со работа.

За четири години тој ги трансформираше „црвените“ во еден од најмоќните тимови во Европа, освојувајќи ја Лигата на шампионите во 2019 и Премиер лигата оваа сезона. Клоп сега во интервју за документарниот филм на „Би-би-си“ под наслов „Ливерпул – 30 години чекање“, открива како се чувствувал кога бил повикан.

„Бевме на одмор во Лисабон кога ми се јави агентот. Ми кажа дека Ливерпул се заинтересирани. Одеднаш сите планови кои ги имав беа сменети, бидејќи планиравме да одиме на дополнителен одмор. Му кажав на семејството дека веднаш го прифаќам тоа. Сопругата Ула ме праша: ’Кога?’. Направив големо ветување дека ќе дадам една година за нас, а по четири месеци доаѓам со поинаков план. Затоа морав барем да ги прашам. Бев запален од првата секунда, во основа. Не требаше никој да ме убедува“, вели Клоп.

Scroll to Top