Top Sport

Клоп жестоко му одговори на Карагер

Јирген Клоп не му остана должен на поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер, кој рекол дека многу пати го предупредил клубот, дека треба да донесат уште еден централен дефанзивец од светска класа.

Изјавата на Карагер дојде веднаш по тешката поведа на Вирџил Ван Дајк, за кого сезоната е завршена.

„Не можеш да има четворица дефанзивци од светска класа, такво нешто нема никој. Ние во сезоната влеговме со тројца (Ван Дајк, Матип, Гомез) плус Фабињо како нивна алтернатива и со неколку млади играчи“, рекол Клоп и дополнил.

„Карагер вели дека не работам добро, дека сум погрешил, е тоа е една од причините што луѓе како него не ја работат мојата работа“.

И покрај ваквиот одговор Карагер повторил дека доколку Ливерпул сакаат да бележат добр резултати оваа сезона, бо јануари Клоп ќе мора да вложи пари во нов централен дефанзивец.

Scroll to Top