Top Sport

Клубот ја демантира изјавата на претседателот

Фудбалскиот клуб Лион ја демантира изјавата на својот претседател Жан-Мишел Ола дека осмина-финалниот реванш против Јувентус во Лигата на шампионите ќе се одигра на 7 август.

„Фудбалскиот клуб Лион сака да појасни дека датумот на натпреварот Јувентус-Лион се уште не е одреден. Датумот треба да биде објавен потврден кога ќе се планира последната фаза во Лигата на шампионите. Тој датум треба потоа да го потврди УЕФА“, стои во клупското соопштение.

Сезоната во Франција заврши, а Ола се жали дека неговиот тим нема да биде во можност да се подготвува на ист начин како противниците. Доколку реваншот навистина се игра во август тоа значи дека Лион пет месеци ќе биде без одигран натпревар.

Првиот меч во Лион одигран на 26 февруари заврши со победа на францускиот тим од 1:0.

Scroll to Top