Top Sport

Клубот на Саул се вика Клуб Коста сити

Еден од најдобрите фудбалери на Атлетико Мадрид Саул Нигез откри што стоеше зад мистериозната објава во неделата кога на социјалните мрежи напиша дека наскоро ќе има нов клуб.

Многумина помислија дека Саул ќе го напушти Атлетико, меѓутоа тој денес откри дека започнува проект во својот роден град Елче.

Потврдил дека тимот ќе се вика Клуб Коста сити. Според неговиот план клубот ќе има преку 30 тимови и преку 500 играчи во различни возарсни категории.

Саул со неговиот проект ќе се фокусира на момчиња и девојчиња на возраст од четири до 18 години. Сите во неговиот клуб ќе добијат можност да се школуваат и да се занимаваат со спорт.

Саул Нигез има договор со Атлетико до 2026 година, неговата откупна калузула изнесува 150 милиони евра.

Scroll to Top