Top Sport

Клубовите од Серија А ќе можат да формираат Б тимови

Челниците на италијанската Серија А потврдија дека од наредната сезона клубовите, по примерот на шпанските клубови, ќе можат да формираат Б тимови.

Б тимовите ќе започнат да се натпреваруваат во Серија Ц , ќе имаат право да изборат пласман во Серија Б, но нема да можат да се натпреваруваат во елитната лига, дури и низ Серија Б да го остварат тоа право.

Јувентус и Милан, посочувајќи го шпанскиот модел, ваквиот систем го предложија уште пред неколку години.

„Клубовите од Серија А ќе можат да формираат Б екипи. Тие екипи ќе играат во Серија Б. Во тие тимови ќе играат фудбалери до 21 година и двајца што не смеат да имаат повеќе од 23 години. Б тимовите ќе можат да напредуваат низ лигите, меѓутоа никогаш тимови од ист клуб нема да можат да играат во ист ранг на натпреварување“, рекол Алесандро Костакурта.

Поголемиот дел од клубовите во Серија А не ја подджуваат оваа одлука, бидејќи не биле навремено информирани за фромирањето на Б тимовите.

На Аменинскиот полуостров сметаат дека оваа одлука ќе го подобри квалитетот на италијанскиот фудбал.

Scroll to Top