Одион Игало ќе остане на позајмица од Шангај Шенхуа во Манчестер Јунајтед до јануари 2021 година објави „Скај Спортс“. Нигериецот исто така ја го продолжил договорот со Шангај до 2024 година. Според новиот договор ќе има неделна плата од 400.000 фунти.
Игало на „Олд Трафорд“ пристигна во јануари оваа година, до моментот кога беше суспендирана сезоната за Јунајтед настапи на осум натпревари и постигна четири гола.
Манчестер Јунајтед успеале да издејствуваат нова позајмица, иако првично Шангај бараа „црвенте ѓаволи“ да го откупат неговиот договор.