Порто синоќа го направи решавачкиот чекор кон освојување на титулата во португалскиот шампионат, откако во дербито го победи Спортинг 2:1. На девет кола до крајот на првенството во Португалија Порто има осум бода повеќе од Спортинг.
Порто победи со головите на Маркано и Брахими, а единствениот гол за Спортинг го постигна Леао.
По водството на Порто вистински циркуз настана во 59.минута кога бекот на Спортинг Фабио Коентрао се степа со тимот на Итната медицинска помош.
Коентрао брзајќи да изведе аут потрча да ја земе топката која се стракарала до клупата каде што седеле медицинарите. Еден од нив му ја сокрил топката поради што Коентрао го турна, а потоа вториот член на медицинскиот тим му возврати на бекот на Спортинг.
Потоа настана метеж,а судијата откако ја прегледа снимката ги исклучи челеновите на медицинскиот тим, а Коентрао мина без казна.