Шпанските великани Барселона и Реал Мадрид ретко губат натпревари во Ла Лига, а вистинска реткост е кога фудбалерите на двата тима, во ист ден, теренот го напуштаат со наведнати глави.
Токму тоа се случи, вчера на 26.септември. Барселона во Мадрид претрпе пораз (2:1) од Леганес, а Севилја го порази Реал (3:0).
Последен пат вакво нешто се случило на 4.јануари 2015 година, кога Реал Сосиедад ја победи Барселона (1:0), а Реал беше поразен од Валенсија (2:1).
Барселона и Реал по шест кола се на врвот со 13 бода, два помалку има Атлетико Мадрид.