Поранешниот француски фудбалер Патрис Евра е вистински пример за тоа како спортот може да ги спаси животите на децата кои имаат тешко детство. Некогаш еден од најдобрите леви бекови на планетата, открил какво детство имал во Сенегал.
Евра е родена во Дакар во семејство со дури 24 деца, од кои две починале.
„Кога татко ми си замина, настана хаос“, се сеќава Евра. На 13-годишна возраст, тој бил жртва на сексуална злоупотреба.
„Тоа имаше огромно влијание врз мојот живот. Кога не им веруваш на авторитетите, а тоа беше мојот професор, тогаш не веруваш никому”, откри Евра минатата година.
Сега во емисијата „Замрзни го стравот“ на Би-би-си откри уште неколку детали од детството.
„Три работи правев пред да почнам да играм фудбал. Продавав дрога. И молев за пари пред продавница. Питањето беше вообичаено. Понекогаш дури и на полноќ, кога фрлаа големи хамбургери, ги земавме од кантите за ѓубре.“
Спасот го нашол во фудбалот.
„Кога имав 17 години отпатувавме за Италија. Се сеќавам дека стигнавме, седнавме на ручек и ни донесоа леб. Отидов во собата, бев во тренерка, ѝ се јавив на мајка ми и и реков мамо, овде е како во рајот, луѓето ни носат храна. Имаш две вилушки од едната страна, два ножа од другата. Тоа е мојот најубав спомен“.
Евра играше за Марсеј, Монца, Ница, Монако, Манчестер Јунајтед, Јувентус, Олимпик Марсеј и Вест Хем.
Во кариерата одигра 734 натпревари на кои постигна 24 гола. За француската репрезентација забележа 81 настап.
Тој бил петкратен англиски шампион со Јунајтед, има и една титулата во Лига на шампиони и Светско клупско првенство.
Со Јувентус двапати бил шампион на Италија. Во кариерата освоил вкупно 20 трофеи.