Во „фолклорот“ на ирскиот репрезентативен фудбал уште се памети 1997 година и гостувањето во Скопје, кога Република Ирска „славно“ загуби со 3:2 и во исто време Џејсон Мекатир го доби единствениот црвен картон во својата репрезентативна кариера.
Според „легендата“, по овој меч, сите ирски репрезентативци кои имале слаб перформанс на тренинзите, во следните шест години морале да носат дрес на кој пишувало „Имав Македонија“ (I Had a Macedonia) како „казна“.
Република Ирска тогаш загуби со 3:2, а во финишот на натпреварот, Џејсон Мекатир направи еден од најгрубите фаули во историјата на спортот, кога го „нокаутираше“ Артим Шаќири, предизвикувајќи лута реакција на нашите фудбалери. Во тие квалификации за Франција 1998 година, Ирска сепак заврши пред Македонија на табелата и играше во баражот и загуби од Белгија. Кармата ги „стигна“.