Top Sport

Кога влезе, кога се повреди? Бизарна ситуација во Шведска (видео)

Мечот од шведската втора лига меѓу Дегерфорс и Остер ќе остане забележан за најбрзата повреда во историјата на фудбалот, откако Дегерфорс го замени Аксел Линдал за Матијас Озгун при крајот на 1:1 ремито.

При замената и поздравот со Линдал, Озгун доби прст во око од својот соиграч, мораше да добие медицинска помош. 21-годишниот Озгун, позајмен фудбалер од Елфсборг, сепак, доби шанса да ги одигра последните 10 минути од мечот.

Scroll to Top