Top Sport

Кога Зинченко ќе ја бакне водителката, тогаш нема проблем (видео)

Асот на Манчестер сити и на украинската репрезентација, Олександер Зинченко ја прослави големата победа од 5:0 против Србија со бакнеж за водителката Влада Седан во живо, но за разлика од случајот со бугарскиот боксер Кубрат Пулев, овојпат немаше скандал.

22-годишниот Зинченко, кој стана редовен во тимот на Пеп Гвардиола минатата сезона, во украинската репрезентација под Андриј Шевченко играше како плејмејкер и доби пофалби за одличниот меч. На крајот, добриот меч тој го круниса со бакнеж кон неговата блиска приајтелка Седан, што предизвика различни реакции на социјалните мрежи.

Ова даѓа откако бугарскиот боксер Пулев доби наредба да посетува курс за сексуално вознемирување, откако бакна една новинарка по победа во март, предизвикувајќи огромни реакции. Овојпат, тоа ќе изостане.

Боксерот кој бакна новинарка сред интервју е казнет парично, а ќе оди и на курс

Scroll to Top