Top Sport

Кој ако не Лева? Баерн води на полувреме во Германскиот Суперкуп

Втор меч во новата сезона, втор гол. Роберт Левандовски уште еднаш покажа дека е клучниот играч на Баерн Минхен носејќи им 1:0 водство над лутите ривали Борусија Дортмунд на „Сигнал Идуна парк“ во мечот за Германскиот суперкуп.

Левандовски се најде на вистинското место во 41. минута од мечот, и по нафрлувањето на Серж Гнабри ја заби топката во голот на Грегор Кобел.

Левандовски исто така беше стрелец во првиот меч од Бундеслигата, погодувајќи за 1:1 реми во мечот со Борусија Менхенгладбах.

Scroll to Top