Марек Хамшик додаде уште еден гол на неговиот рекорд за да донесе победа за Наполи над Кротоне во првиот меч од последното зимско коло во Серија А, со што осигура наполитанците да се есенските шампиони.
Партенопеи на дресовите носеа посебен знак да се прослави рекордот на капитенот од 116 голови за Наполи, со што го помина стариот рекорд на Диего Армандо Марадона, по што тој го постигна и голот број 117 по одлична акција на нападот на Наполи.
Иако доминираа во текот на целиот меч, тоа беше конечниот резултат, со кој Наполи ја забележа 15-тата победа во 19 кола во Серија А за да дојдат до 48 поени, 4 повеќе од Јувентус.