Лионел Меси не можел да се „прибере“ по најлошиот момент при настапите за Аргентина , тврди Елио Паолоросо, поранешниот фитнес-тренер во јужноамериканската репрезентација.
Според Паолоросо, кој му беше помошник на Херардо Тито Мартино, моментите по вториот последователен пораз на пенали од Чиле во финалето на Копа Америка во 2016, биле супер-тажни за ѕвездата на Барселона.
„Во соблекувалната беше многу болно, но најлошото само следуваше. Во 2 часот наутро по финалето, влегов во оставата, и таму го најдов Лео Меси сам, како плаче како дете кое ја загубило мајката. Тој беше толку вознемирен и никој не можеше да го смири. Го гушнав и малку заедно потагувавме. Работев со Меси во Барселона и во Аргентина и имам само пофални зборови. Секогаш соработуваше добро со мене“, вели Паолоросо.