Крилото на Барселона, Франциско Тринкао се приклучи на Вулверхемптон на едногодишна позајмица со опција за купување, потврди каталонскиот клуб.
21-годишниот Тринкао е последниот талент на Барса кој заминува ова лето од „Ноу Камп“, откако Жан-Клер Тодибо и Конрад де ла Фуенте заминаа со постојани договори.
Тринкао имаше 43 настапи за Барселона од пристигнувањето од Брага за 31 милиони евра, и е седми португалски репрезентативец во тимот на Вулверхемптон, каде што исто така поранешниот португалски менаџер Нуно Еспирито Санто (сега во Тотехем) беше заменет со уште еден португалски стручњак, Бруно Лаге.
Our second summer arrival… #WelcomeTrincão
✍️? pic.twitter.com/kq6da2S2jG
— Wolves (@Wolves) July 4, 2021