Легендарниот шпански фудбалер Андрес Иниеста по завршувањето на сезоната ќе ја напушти Барселона. Тој нема да ја заврши караиерата, најверојатно ќе се пресели во Кина, а откако објави го напушта „Ноу Камп“, медиумите во Каталонија започнаа со шепкулираат со името на играчот што ќе го неследи неговиот број.
Каталонскиот весник „Спорт“, тврди дека во игра се тројца играчи што можат да ја добијат осумката на Иниеста.
Фелипе Кутињо, во јануари пристигна од Ливерпул, тој го одбра бројот 14, а весникот пишува дека навивачите би сакале Бразилецот да го наследи бројот на Иниеста.
Осумката би можел да ја земе и Артур, кој летово од Гремио ќе и се приклучи на Барса. Постои можност осумката да ја задолжи талентираниот Алена, играч на Барселона Б, кој сезонава одигра неколку натпревари за првиот тим.