Барселона вчера го потврди трансферот на Фелипе Кутињо. Каталонците за Бразилецот издвоија 160 милиони евра, што е третиот најскап трансфер во историата на фудбалот.
Доаѓањето на Кутињо на „Камп Ноу“ е доволна провокација низ бројки, односно пари, да биде пресметано кој од шпанските великани, Барса и Реал, има поскап тим.
Бразилецот, според трансферот е најскапито играч на Барселона во историјата, а според вредноста на пазарот, односно според „Трансфермаркт“, тој заедно со Луис Суарез е зад Лео Меси.
Комплетниот тим на Барселона вреди 796.500.000 евра. Според проценките најскап е Меси (120 милиони евра), а најефтин Томас Вермален (3 милиони евра).
Нешто поефтин тим има Реал Мадрид, 743.800.000 евра. Секако дека на „Сантијаго Бернабеу“ наголема вредност има Кристијано Роналдо (100 милиони евра), а најефтин е младиот десен бек Хакими (300.000 евра).