Коке, капитенот на Атлетико Мадрид, по елиминацијата од Лигата на шампионите, рекол дека е горд на соиграчите. Атлетико и Манчестер сити, синоќа во Мадрид, одиграа 0:0. Во полуфиналето се пласираа „граѓаните“, благодарение на победата 1:0 во првиот натпревар.
Натпреварот го обележаа тензичните последни 20 минути и инцидентите во тунелот на „Ванда Метрополитано“.
„Натпреварот ве излудува кога создавате можности, а тие (играчите на Сити) се фрлаат на теренот и крадат време. Многупати бевме критикувани за вакви ситуации, но денеска тие беа виновни. Ќе видиме што ќе мисли јавноста за тоа. Горд сум на моите соиграчи, немам за што да жалиме. Иако загубивме, навивачите останаа и ни аплаудираа. Ова е Атлетико“, порачал Коке.