Top Sport

Коке, Облак и Савиќ заедно одиграле 1.000 натпревари за Атлетико

Тројца фудбалери на Атлетико Мадрид, Коке, Јан Облак и Стефан Савиќ, синоќа во победата над Реал Сосиедад (2:1), одиграа јубилејни натпевари за клубот од „Банда Метрополиано“.

Капитенот Коке, 500 пат настапи за Атлетико. За „јорганџиите“, дебитирал на 19.септември 2009 година. На вечната листа пред него е само Адералрдо Рордигез со 553 одиграни натпревари.

Јан Облак е играч на Атлетико од 2014 година. Истата година на 16.септември, против Олимпијакос дебитирал на голот на клубот од Мадрид. Дуелот со Реал Сосиедад беше 300 за Облак на голот на Атлетико.

Стефан Савиќ е играч на Атлетико од 2015 година, кога за сума од 10 милиони евра и Марио Суарез, пристигна од Фиорентина. Црногорецот синоќа 200 пат го носеше дресот на Атлетико, има постигнато три гола, еден од нив во тековната сезона.

Scroll to Top