Top Sport

Коку го наследи Лампард во Дерби каунти

Дерби каунти не чекаа многу и по заминувањето на менаџерот Френк Лампард во Челси, објавија дека нов тренер на тимот ќе биде Филип Коку. Холанѓанецот потпишал четири годишен договор.

Коку, откако го потпишал договорот, заминал во САД, каде тимот се наоѓа на десет дневни подготовки.

Коку пет години работел во ПСВ Ајндховен, а минатата сезона беше во Фенербахче, каде доби отказ по само неколку месеци.

Scroll to Top