Тренерот на Фенербахче, Филип Коку, ја понудил својата оставка по синоќешниот дебакл во Загреб, во Лига Европа, објавија турските медиуми. Фенербахче, во рамките на првото коло, во Д-групата, загуби од Динамо со 4:1.
Турскиот великан лошо влезе во сезоната со новиот тренер. Во домашниот шампионат Феербахче, во првите пет кола освои само шест бода, учинок што ги разниша позициите на тренерот Коку.
Медиумите објавија дека холандскиот тренер поднел оставка, но нема информација каков е ставот на клубот, иако се шпекулира дека оставката ќе биде прифатена.
Во Загреб, Фенербахче делуваше неорганизирано на теренот со неверојатна доза на паника кога противникот ќе тргнеше во напад. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз го одигра целиот меч, но за разлика од дуелот со Коњаспор во неделата, овој пат не му успеа да го спаси Фенер од пораз.