Црвена звезда има големи планови во летниот преоден рок. Клупските челници ќе формираат тим кој ќе се обиде да избори пласман во главната фаза во Лигата на шампионите.
Вчера, тригодишен договор со Црвена звезда потпиша репрезентативецот на Австрија, Александар Драговиќ.
„Спортски журнал“, најавува дека во наредните денови, во клубот ќе пристигнат Александар Коларов и Ненад Крстичиќ.
Ветеранот Коларов, се рахабилитира од повредата на грбот и тој би требало да им се приклучи на сограчите во август. Поранешниот капитен има 36 години и наредната сезона веројатно ќе биде негова последна во кариерата.
Крстичиќ е поранешен играч на Црвена зведа, изминатите две и пол години тој го носеше дресот на АЕК од Атина. Повремениот репрезентативец на Србија, побарал да го раскине договорот со АЕК.
Медиумите на Србија пишуваат дека челниците на Црвена звезда работат и на трансферот на напаѓачот Александар Пријовиќ, кој игра во Саудска Арабија. Пријовиќ е човекот со чии гол Србја избори пласман на Светското првенство во Русија.