Top Sport

Коларов: Никој не ѝ подари на Рома полуфинале

Александар Коларов вели дека Рома не се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите „на среќа“ и дека целосно ја заслужува шансата да игра во големото финале доколку го мине Ливерпул.

Рома направи вистинска сензација откако ја надмина предноста на Барселона од 4:1 и победи со 3:0 на „Олимпико“, иако многумина ги оценуваат како најслабиот тим во овој дел од натпреварувањето.

„Секако, не сме тука случајно, и веќе покажавме дека сме на ниво за полуфинале. Подготвени сме да одиграме голем натпревар, односно два натпревари бидејќи утре нема ништо да се реши. Дали можеме да станеме шампиони? Мораме да се обидеме. Сега доаѓа прекрасниот дел, но и најтешкиот. Ќе видиме утре, но имаме обврска да играме добро“, вели Коларов.

„Лупи“ успеаја да го лимитираат Лионел Меси во двомечот со Барселона, и Коларов беше запрашан дали има сличен план за поранешниот колега Мохамед Салах.

„Ние одигравме добар натпревар, сите заедно. Не бевме фокусирани само на Меси и така ќе биде и утре. Не размислуваме дали да го сопреме Салах или некој друг играч, туку да играме како тим“, вели Коларов.

Фото: ЕПА

Scroll to Top