Top Sport

Коларов побарал да си оди од Интер, Звезда го чека

Српскиот ветеран Александер Коларов во текот на летото реши да остане во Интер со едногодишен договор, но сега според италијанските медиуми сака да стави крај на интернационалната кариера и да се врати во татковината.

Тој досега има одиграно само 4 меча за Интер, во кои играше вкупно само 44 минути и се верува дека „нераѕурите“ нема да му прават проблем да го прекрати договорот со взаемна согласност.

36-годишниот Коларов почна да игра преку академијата на Црвена звезда, клуб со кој беше поврзуван и во текот на летото, и српските медиуми веруваат дека преговорите се веќе почнати.

Scroll to Top