Александар Коларов го продолжил договорот со Рома. Капитенот на Србија во Рим ќе остане до јуни 2021 година.
„Сакам да му се заблагодарам на клубот за новиот договор, за мене ова претставува чест и задоволство. Ова го доживувам како нов почеток. Сакам да се надоградувам и да придонесам клубот да напредува“, рекол Коларов.
Левиот бек во Рома пристигна од Манчестер сити во 2017 година. За „волчицата“ досега одиграл 113 натпревари и постигнал 17 голови.
Со потпишувањето на новиот договор Коларов стави крај на шпекулациите на српските медиуми дека негова следна дестинација ќе биде Црвена звезда.
Исто така ова значи дека тој ќе ја заврши кариерата во дресот на Рома.
✍️ Kolarov rinnova con l'#ASRoma fino al 2021! ?#Kolarov2021
— AS Roma (@OfficialASRoma) January 7, 2020