Долго се пишуваше за тоа каде српскиот интернацоналец Александар Коларов ќе ја продолжи својата фудбалска кариера откако му истече актуелниот договор со Интер. Се споменуваа Црвена Звезда, но и Болоња, а „Gazeta delo sport” јавува дека тој и во наредната сезона стнува на „Џузепе Меаца“.
Весникот пишува дека Коларов добил нов едногодишен договор со Интер, но со намалена плата имајќи во предвид дека „црно-сините“ од Милано се наоѓаат во незавидна финансиска состојба.
Коларов не е задоволен по првата сезона во миланскиот клуб, но откако новиот тренер Симоне Инзаги не успеа да го доведе Стефан Раду од Лацио, италијанскиот стратег се одлучи да го задржи Србинот во екипата.
Иако останува непознаница колкава ќе е заработката на Коларов во новата сезона, сигурно ќе е помала од актуелната од 3 милиони евра годишно.
Во Серија А собра само 7 настапи за Интер.